Франција и Германија потпишаа договор за взаемна помош при снабдувањето со енергија
– Шефовите на владите на Франција и Германија денеска во Берлин потпишаа договор за взаемна помош за „гаранција за снабдување со енергија“ во време кога цените растат.
Планирани се „конкретни мерки“, вклучително и Франција да и помогне на Германија да ја намали зависноста од рускиот гас преку снабдување со сино гориво, а Германија ќе ја поддржи Франција да „го обезбеди снабдувањето со електрична енергија во зима“, се вели во заедничката изјава потпишана од Елизабет Борн и Олаф Шолц.
Ппрвпат по 42 години, Франција е нето увозник на електрична енергија поради ниското ниво на производство на електрична енергија од нуклеарните централи. Од 1981 година, земјата отсекогаш била нето извозник на електрична енергија за своите соседи, делумно благодарение на нејзината нуклеарна енергија, која обезбедува над 60 проценти од производството на електрична енергија. Но, од јануари оваа година, Франција увезува повеќе електрична енергија отколку што извезува, при што речиси половина од нејзините нуклеарни централи не работат поради планираното, но понекогаш долго сервисирање. Нивото на понудата треба да биде доволно за Франција без проблеми да мине во декември, но за јануари постои ризик од прекини во случај на многу студено време, доколку побарувачката не се намали.
Договорот потпишан со Берлин денеска ги формализира напорите што Германија ги прави од средината на ноември за „да го максимизира капацитетот за интерконекција што е достапен на пазарот“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден