-->
-->
Фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“ и за македонските јадења
-->
Википедија на македонски јазик првпат го организира фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“ за традиционалните јадења и специјалитети во Македонија.
Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на Википедија на македонски јазик или на Заедничка Ризница (Wikimedia Commons). Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот, меѓу први ноември 2017 во 00:00:00 часот и 30 ноември 2017 во 23:59:59 часот.
Најуспешните фотографии, според оценката на стручно жири, ќе бидат парично наградени. За првата награда се предвидени 400 евра во денарска противвредност, за втората 300, за третата 200 евра, а за четвртата вкупно 100 евра.
Повеќе детали за правилата на учество, видео-упатство за прикачување слики, пријавување, список на традиционални македонски јадења кои може да се сликаат и информации за останатите активности во рамки на натпреварот може да се прочитаат на https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Вики_ја_сака_храната_2017/Македонија, додека формуларот за пријавување учество е на https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc3AunWHwapZIQbrcxSQFPFOwr25fhUwhMm3g2d9DgAoQVKxA/viewform?c=0&w=1
Редовни известувања за новости, активности во текот на одржувањето на натпреварот и свечениот настан за доделување на наградите може да се погледнат на фејсбук страницата „Вики ја сака храната“ како и на настанот на фејсбук: Фотографски натпревар „Вики ја сака храната“.
Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, ќе бидат искористени во статиите за самите јадења и специјалитети кои ќе се создаваат, подобруваат и уредуваат во рамки на уредувачките потфати како што се уредувачки маратон на тема „Македонска кујна“, што ќе се одржи во рамки на свечениот настан за доделување на наградените фотографии, организирано во заедничка соработка со „Слоу Фуд“ Македонија и уредувачки натпревар што ќе се одржи по завршување на овој фотографски натпревар.
Уредувачките потфати се отворени за учество од страна на сите заинтересирани регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик.
„Вики ја сака храната“ или Wiki Loves Food (WLF) е првпат организиран во 2015 година од страна на Википедија Индија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-
Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО
-
Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
-
Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа
-
Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег
-
Состојба на патишта