Живот
11. September 2019 - 13:39

Фотографија поради кој плаче целиот Фејсбук: Мајка го покажа болното дете и поголемото како го теши во најтешките моменти

Срцепарателната слика од малата Обри (5) како го гали по грбот својот помлад брат Бекет (4), болен од леукемија, додека повраќа после хемотерапијата стана вирална и ги соочи луѓето со суровата вистина за оваа тешка болест.

„Она што никој не го кажа за канцерот кај децата е дека тој го погодува целото семејство“, напиша на Фејсбук покрај оваа фотографија Кејтлин Берг, мајка од Принстон во американската сојузна држав Тексас.

„Постојано слушаме за финансиските и медицинските маки, но кој ти зборува за маките низ кои поминуваат семејствата со повеќе деца? "Можеби на некои им е тешко ова да го гледаат и читаат. Моите две деца, меѓу кои е разлика од 15 месеци, поминаа од заедничкото играње во градинка и дома, на заедничко седење во студена болничка соба“, ја сподели својата тага оваа мајка.

„Мојата ќеркичка, во тоа време четиригодишна, гледаше како братот и го носат на Одделението за итна помош. Гледаше како десетина лекари му ставаат маска на лице, го бодат со игли, му даваат лекарства во телата и сето тоа додека беспомошно лежи. Не знаеше што се случува. Само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар другар“, на наведува во постот.

„Месец дена откако е пуштен од болница, гледаше како се мачи да стои на нозе. Темпераментниот, енергичен и весел бато стана молчаливо, болно и секогаш поспано дете. Не сакаше повеќе да си игра. Таа не можеше да разбере како тој сега не може ниту да стои“, напиша Кејтлин и додаде дека најважно е болното дете да не се одвојува од здравото, туку да живеат што е можно по нормално во новите околности“.

Бекет и Обри на самиот почетокот на борбата против леукемијата

„Кога ќе му се слоши, таа му прави друштво во бањата. Го поддржува и се грижи за него кога повраќа во паузите од играњето. Го носи во бањата. Стои покрај него и му го гали грбот. А тој спадна од 14 килограми на 10. Таков е канцерот кај децата. Земи ли остави“, заклучува очајната мајка.

Кејтлин овие фотографии ги објави на Фејсбук страницата „Биди јак, Бекет“, која ја отвори во април 2018 година, кога на малиот Бекет му беше дијагностицирана леукемија.