Џет-Сет
13. October 2016 - 20:48

Фотографии од снимањето на хит серијата „Парампарче“

Турската серија "Парампарче" од самата премиера на Сител успеа да собере огромен број на гледачи пред телевизиските екрани кои секојдневно ја следат интригантната приказна за заменетите ќерки и распарчените семејства.
 
Ликот на таткото Џихан, мајките Ѓулсерен и Дилара и ќерките Хазал и Џансу станаа омилени ликови во милиони домови ширум Балканот, во арапските земји, а серијата се емитува и на државната телевизија во Шведска.
 
"Парампарче" е сторија за две несреќни судбини чии два различни света повторно ќе се вкрстат; од една страна е светот на сиромашната и самохрана мајка, а од друга несреќниот свет на богатиот и оженет бизнисмен.
 
Ова е неверојатна приказна за тешките одлуки и изборите кои треба да ги направи родителската љубов. Приказна за судбината која го спојува она што одамна е скршено.
 
Во борбата за вистината и во големото страдање, ќе може ли да ја откријат својата среќа? Ќе може ли да се засака друга мајка, освен онаа со која сме израснале? Што е подготвена една мајка да направи во име на љубовта кон своето дете?
Главните актери ги толкуваат едни од најголемите турски актерски имиња - Еркан Петекаја ("Бурни времиња", "Дила") и Нургул Јесличај ("Љубов и казна"), во улогите на Ѓулсерен и Џихан.
 
Освен интригантната приказна и одличната актерска екипа, серијата ја карактеризира и високобуџетната продукција во која е вклучена врвна екипа.
 
На продукцијата работеле по 130 луѓе, во постојани улоги се појавуваат околу 30 глумци, во споредни улоги околу 20, статисти со број над 300, а во секоја епизода може да се забележат околу 27 различни локации на снимање.
 
Покрај главните локации кои ги вклучуваат куќата на Ѓулсерен и луксузната отоманска вила на Џихан покрај Босфорот, се користеле уште 14 дополнително изградени сетови, а се снимало и во бројни паркови во Истанбул, ресторани, болници, затвори.
 
"Парампарче" се емитува на Сител телевизија, од понеделник до петок во 22 часот.