Фудбал
27. April 2017 - 19:05

(ФОТО) Претседателот на Шкупи му го „скрши носот“ судија Темелков!?

По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Работнички и Шкупи, кој заврши со победа на гостите од 1:0, на теренот во Ѓорче Петров во својство на неслужбено лице влезе претседателот на ФК Шкупи, Ејуп Адеми, и физички го нападна главниот судија Зоран Темелков од Кавраци удирајќи го во лице. 

За среќа брзата интервенција на полицијата спречи поголем инцидент. 

Неофицијално, Темелков кому веднаш му беше пружена лекарска помош, заработил фрактура на носот, а напаѓачот не бил приведен од полицијата. 

По овој инцидент сигурно ќе има и санкции за сторителите, а санкции најверојатно ќе следат и за ФК Работнички кој беше организатор на натпревар, поради тоа што дозволи влез на неслужбени лица на теренот.