Форум за безбедност во Охрид
Форумот за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“ почнува денеска во Охрид во организација на Маршал Центарот од Република Македонија.
Организаторот соопшти дека форумот го организираат четврта година по ред во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ К. Маршал и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.
На годинашниот форум, покрај преставниците на алумни асоциите на Џорџ К. Маршал центарот од земјите од Западен Балкан, ќе учествуваат повеќе истакнати професори, аналитичари и експерти од регионот и пошироко.
На Форумот, кој ќе трае до 30 август, ќе говорат и проф. д-р Џим Шерока од САД, поранешниот пратеник во Европскиот парламент Ханс Свобода и Горазд Бартол, шефот на мисијата на НАТО во Скопје.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири