Формиран Извиднички одред во Кочани
На иницијатива на група ентузијасти од Кочани е формиран Извиднички одред за општина Кочани кој ќе го носи името „Ластовица“. На одржаното годишно собрание донесен е статутот на одредот, а избрани се и неговите органи и тела.
- Извидничкиот одред „Ластовица“ го формираме по пауза од 35 години и во него за почеток ќе членуваат ученици од кочанските основни училишта, а пдооцна ќе бидат формирани и останатите категори. Зелено, жолта и сина боја ќе ја обележуваат извидничката марама на нашиот одред, изјави Сашко Стефановски ,професор по географија во ОУ„Никола Карев“ и координатор во одредот.
На формирањето на Извидничкиот одред му предходеа неколку активности пред се состаноци и семинари, а од практичниот дел едно сплавување на езерото Калиманци и три кампувања на Осоговските Планини, појасни Стегфановски.
Тој нагласи дека Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани очекува плодна и успешна соработка со Извидничкиот сојуз на Македонија и со општина Кочани.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите