Loading Video...
Фудбал
17. August 2023 - 19:59
ФК Тетекс: Општина Тетово нема донесено одлука за користење на стадионите
Продолжува битката на ФК Тетекс за враќање на градскиот стадион во Тетово. По соопштението од општината дека само прволигаши имаат право да играат на тој стадион, тетовскиот второлигаш испрати ново соопштение до јавноста и најави институционална борба.
По вчерашната реакција на ФК Тетекс дека , второлигашката екипа заедно со женскиот клуб и ФК Љуботен немаат пристап до новиот и стариот градски стадион во Тетово, од општината реагираа со соопштение во кое се вели дека со клубовите е постигнат консензус на градскиот стадион да се играат прволигашки натпревари но и натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија.
Веднаш реагираше ФК Тетекс од каде оценија дека соопштението на општината е чиста лага бидејќи и Шкендија и Ренова како второлигаши играле на тој стадион како и екипи од пониските лиги кои играле бараж средби за пополнување на втората лига.
Од ФК Тетекс тврдат дека и стариот градски стадион е узурпиран со променети брави и катанци додека на теренот на АМС предност имаат детските екипи во однос на прволигашот ЖФК Тетекс и ФК Тетекс кој се натпреварува во Втората МФЛ.
Тетовскиот второлигаш тврди дека советот на општината нема донесено никаква одлука за користење на градскиот стадион туку само ценовник за играње на натпревари.
ФК Тетекс јавно бара рамноправен третман за сите клубови од Тетово во спротивно најави протести и институционална борба и ќе се бара инспекторатот за локална самоуправа да провери дали одлуките кои се носат на национална и навивачка основа се законски.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->