Македонија
2. November 2021 - 10:41

Физички нападната наставничка во Кавадарци

Во Полициската станица во Кавадарци вчера 54-годишна кавадарчанка пријавила дека околу 9 часот во нејзината канцеларија во основно училиште била физички нападната од 53-годишник. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.