Македонија
1. July 2026 - 14:05

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон

На 01.07.2026 околу 03:45 часот во СВР Скопје, 20-годишната А.П. од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, откако ѝ бил одземен мобилниот телефон од  И.А.(37) и А.Ќ.(34), таа ги повикала нејзините пријатели С.К.(27) и С.К.(23). Тогаш И.А. го скршил телефонот, по што настанала физичка пресметка помеѓу И.А. и А.Ќ.(34) од една страна и С.К. и С.К. од друга страна, сите од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.