Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
Министерството за внатрешни работи упати благодарност до Амбасадата на Велика Британија и тимот за обука на Царската служба за приходи и царина (HMRC) за Западен Балкан, за успешната реализација на Проектот за обука за финансиски истраги којшто се спроведува изминативе две години, известуваат од МВР.
- Овој проект овозможи значителен напредок во знаењата и вештините на нашите претставници и претставниците на партнерските институции, вклучувајќи ги Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Царинската управа. Доделувањето на меѓународно признати акредитиви е доказ за квалитетот на програмата и нејзината важност за зајакнување на нашите капацитети за справување со финансискиот и организираниот криминал, велат од МВР.
Од Министерството посебно ја истакнуваат посветеноста на Владата на Обединетото Кралство за поддршка во борбата против сериозниот и организираниот криминал.
- Оваа соработка е од непроценливо значење за зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста и владеењето на правото во нашата земја. Со вакви проекти и заеднички заложби, продолжуваме да градиме побезбедна и стабилна иднина за сите наши граѓани, истакнуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија