Филмови по избор на Васко Атанасоски во Кинотека
Во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два филма по избор на андерграунд изведувачот Васко Атанасоски, кој за март е „уредник со причина“ - филмска програма што Кинотеката ја воведе минатиот месец.
По негов избор денеска и утре од 20 часот ќе биде прикажан „Избавување“ (Deliverence) - американски филм од 1972 година во режија на Џон Борман, снимен по сценарио на Џејмс Дики, со три номинации за Оскар и со четири за Златен глобус.
В недела, пак, по избор на Атанасоски од 19.30 часот ќе биде прикажан „Најдолгиот пат“ на режисерот Бранко Гапо, по сценарио на Петре М. Андреевски, кој во 1976 година ја доби наградата Голема сребрена арена на филмскиот фестивал во Пула.
По проекциите, од 22 часот во Кинотека, Атанасоски ќе го промовира својот прв соло-албум „Пази куче“ кој како винилно издание излезе во октомври 2017 година за „Geenger Records“ од Хрватска, заедно со „Балкан Велики“ - издавачката куќа на Атанасоски. На оваа плоча тој е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница