Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс
Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан на 28-миот Филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“, соопшти продукцијата „Партизанс“.
- Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11 јануари 2017 година во киното Регал. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија, соопшти „Партизанс“.
Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.
Главните улоги ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.
Ново на Сител
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија