-->
-->
Филипинската полиција изврши контролирани експлозии на пакет во близина на Амбасадата на САД
-->
Полицијата во Манила извршила контролирани експлозии на сомнителен пакет, пронајден во кофа за отпад на неколку метри од Амбасадата на САД.
Властите блокираа дел од булеварот, каде е пронајден сомнителниот пакет. Во инцидентот нема настрадани. Две експлозии се слушнаа изутрината, откако органите за безбедност ја спроведоа операцијата, јави БТА.
Една од хигиеничарките се јавила во полиција, откако забележала мобилен телефон со црни и црвени жици, поврзани со пакетот.
По контролираните експлозии Амбасадата продолжила да работи според вообичаениот распоред.
Претставник на разузнавањето изјави дека телефонот бил поврзан со експлозивен материјал, кој за праваење бомби го користат исламистичките екстремисти во Минданао.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите