Македонија
26. April 2021 - 14:50

Филипче: Засега нема препорака за помладите од 60 години кои што вакцинирани со „Астра Зенека да се ревакцинираат

Министерот за здравство на денешната прес-конференција кажа дека за помладите од 60 години, кои што вакцинирани со „Астра Зенека“, засега нема препорака да се ревакцинираат.
 
– Се уште нема јасен став, се уште се анализираат и публикациите и ставовите на многу национални агенции за лекови, дали евентулано треба да примат друга вакцина или не. Така што во таа смисла препораката е да не се прима втората доза на вакцина на „Астра Зенека“. Нашата одлука е да не се вакцинираат граѓани под 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.