Филипче: Со изградба на Клинички центар Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој
Потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната промоција на кандидатот за градоначалник за општина Ѓорче Петров Александар Наумоски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата истакна владата предводена од СДСМ изминатите години ги раздолжи презадолжените општини и инвестираше 500 милиони евра во проекти, кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните.
Но оваа општина, општината Ѓорче Петров е посебна, таа ќе добие можност за дополнителен развој и значаен придонес за подобар и поквалитетен живот, со изградбата на новиот Клинички центар, порача Филипче.
Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче, додавајќи дека овој проект ќе биде реализиран колку и да се обидува ВМРО ДПМНЕ да го кочи.
Тој порача дека нема иднина со луѓето што прават блокади, нема иднина со ВМРО-ДПМНЕ, нема иднина со луѓето што лекарите ги нарекуваат убијци, нема иднина со антиваксери и ксенофоби.
Знам дека вие граѓаните на 17 октомври ќе го заокружите бројот 12 за вашата иднина, за иднината на вашите, нашите следни поколенија тука во државата, не во странство, за развиени просперитетни општини, населби и градови, за европска Македонија, за Наумоски, за развиена општина Ѓорче Петров, повика потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.
Венко Филипче, потпретседател на СДСМ
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување
-
Три училишта во Босилово почнаа сами да произведуваат струја
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта