-->
-->
Филипче: Ситуацијата е сериозна, има благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите
-->
Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.
– Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на клиниките разменивме информации во однос на состојбата, информира Филипче.
Мерките, посочува министерот Филипче во објавата, даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите, за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид