Филипче: Се чекаат наодите од комисиите и од обдукцијата за смртта на родилките
Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Битола изјави дека ги чекаат извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина за да се видат точните причини за последните случаи на смртност кај родилките. Според првичните информации, како што додаде, не станува збор за грешка.
- Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини се додека не ги видaм извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина. За сега од првичните информации кои ги добивме од интервјуата и разговорите со сите луѓе вклучени во процесот и менаџерите на болниците нема знаци дека станува збор за грешка, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Клиничката болница во Битола.
Во однос на смртноста на новороденчињата, министерот за здравство нагласи дека има одредени резултати, односно дека значајно е помал бројот на починати новороденчиња во однос на истиот период минатата година.
Тој истакна дека е зголемен бројот на медицинскиот персонал во гинеколошките одделенија, се обездуваат донации и сериозно се работи на унапредување на знаењето на кадарот кои работат на таа проблематика
Ново на Сител
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина
-
Намалени и цените на дел од основните прехранбени производи што не се дел од Новогодишната кошничка, Владата продолжува да ја следи ситуацијата
-
Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
-
Наутро студено и магливо, преку ден сончево