Филипче: Пендаровски донесе нула вакцини
Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување на ТВ 21 повторно изрази разочараност од изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека масовното упатување на македонски граѓани на вакцинација во Србија е срам за Македонија.
-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји – рече Филипче.
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон