Loading Video...
Кошарка
9. May 2022 - 11:08

Филаделфија и Далас израмнија на 2-2 во дуелите со Феникс и Мајами

Екипите на Филаделфија и Далас го израмнија резултатот на 2-2 во победи во дуелите против Мајами  и Феникс, во полуфиналната серија по конференци во НБА плејофот. 
 
Предводени од Харден и Ембид кошаркарите на Филаделфија по втор пат пред својата публика, со 116:108 го совладаа најдобриот тим на истокот Мајами. 
 
Харден постигна 31 поени, а имаше и 9 асистенции и 7 скокови, додека Ембид оствари дабл-дабл со 24 поени и 11 скокови. 
 
И Далас повторно пред својата публика го победи најдобриот тим на западот Феникс, сега со 111-101, за изманување на резултатот на 2-2 во победи, во серијата подобар до четири. 
 
Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 26 поени и 11 асистенции, а поддршка имаше од Доријан Финли-Смит кој имаше шутерско шоу и резлизира 8 тројки за вкупно 24 поени.
 
И следните дуели меѓу овие тимови ќе се играат во Мајами и Феникс, а ноќеска на програмата се четвртите дуелите меѓу Милвоки и Бостон, односно Голден Стејт и Мемфис, во кои домашните екипи ќе влезат со предност од 2-1 во победи.