Живот
1. December 2016 - 16:46

Фифи го менува полот, но си фати и девојка!

Трансродовата пејачка Фифи која веќе извесен период живее во Шведска е заљубена до уши!

Нејзината избраничка е Швеѓанка, заедно се веќе неколку месеци и секојдневно објавувааат нови фотки на социјалните мрежи каде позираат во прегратка.

Освен што и цветаат рози на љубовен план, Фифи во моментов е подложена и на хормонска терапија и наскоро ќе го промени и полот.

Полека, но сигурно ја почнувам мојата транзиција и едвај чекам да направам операција за промена на полот, затоа што тоа е моментот кога ќе почнам потполно да го живеам мојот живот без никакви ограничувања. Се чувствувам и однесувам како жена, а се ближи моментот кога тоа и ќе бидам. Сите хормонски терапии засега поминаа добро и моето тело е спремно за нов почеток", изјави Фифи за вечер откако почна со терапиите.

Инаку, јавноста ширум овие простори ја запозна преку учеството во музичкото шоу "Икс Фактор", а има снимено и неколку синглови и видеа.