-->
-->
ФИФА започна дисциплинска постапка против Јувентус
-->

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) потврди дека започна дисциплинска постапка против Јувентус за трансферот на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Погба во Јувентус дојде во 2012 година од Манчестер како слободен играч, бидејќи му истече договорот со премиерлигашот, а потоа италијанскиот клуб го продаде токму на Јунајтед за рекордни 105 милиони евра.
Во таа сума е вклучен и висок надоместок за менаџерот на Погба, Мино Раиола со што е прекршено правилото на сопственост на третат страна.
- Можеме да потврдиме дека е започната дисциплинската постапка против Јувентус. Не може да дадеме повеќе информации, бидејќи истрагата е во тек. Само може да информираме дека дисциплинска постапка против Манчестер Јунајтед нема, изјави портпаролот на ФИФА.
Ако се утврди дека Јувентус ги прекршил правилата при овој трансфер може да добие парична казна, како и забрана за доведување на нови играчи.
Некои медиуми објавија дека Раиола организирал Јувентус да го добие Погба бесплатно, но за возврат да тој да добие висок процент при следниот негов трансфер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
