-->
-->
ФИФА упорна да организира Мундијал со 48 селекции!
-->

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека светската куќа на фудбалот има голема поддршка од светските федерации во врска со планираниот Мундијал на кој би учествувале 48 репрезентации.
Џани Инфантино предложи Светско првенство со 48 репрезентации, систем 16 групи со по три селекции, а официјално за предлогот ќе се гласа на 9.јануари наредната година. Доколку прелогот биде усвоен Мундијалот со 48 селекции најверојатно ќе „дебитира“ во 2026 година.
Последен пат ФИФА го прошири Светското првенство пред Мундијалот во Франција во 1998 година, од 24 на 32 репрезентации.
Доколку предлогот помине, а според лобирањата тоа е реално, најголем проблем ќе биде организацијата на едно такво натпреварување, бидејќи нема многу земји во светот кои би се кандидирале за организацијата.
Според шпекулациите најверојатно во организацијата ќе учествуваат повеќе држави, нешто што прв пат во фудбалот ќе биде применето на ЕУРО 2020.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
