Фетел: Рекордот на Хамилтон по бројот на победи сега е прашање на време
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел призна дека има измешани чувства за фактот дека Луис Хамилтон наскоро ќе го сруши рекордот на Михаел Шумахер по бројот на победи во Формула 1.
Доколку победи на трката за ГН на Русија, Хамилтон ќе се изедначи со резултатот на Шумахер, кој има 91 победа во серија.
Јасно е дека веќе минатата година се виде како Луис е сè поблизу до овој рекорд. Мислам дека сега е само прашање на време кога ќе го собори овој рекорд. Тогаш од една страна ќе бидам вознемирен поради Мајкл, бидејќи во одредена смисла тој останува мојот идол.
Но, од друга страна, ќе бидам многу среќен за Луис. Затоа што тој го заслужува овој успех што го постигна во последните години. И што ќе го постигне во следните години – ако, се разбира, остане во Ф-1 долго време. Значи, чувството е од 50 до 50, истакна Фетел.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
