Фестивалот на велешка пита и вино ќе се одржи од 19 до 21 октомври
Општина Велес и оваа година традиционално од 19 до 21 октомври ќе ја организира манифестацијатa „Фестивал на велешка пита и вино“.
За разлика од изминатите неколку години кога беше пред кафитериите во новиот дел од градот, оваа година манифестацијата ќе се одржува на поголема локација од Плоштадот С’рмаале па нагоре по главната градска улица до пред кафитериите па се’ до кружниот тек „Авона“.
На поставени штандови и маси и столици на посетителите три дена ќе им се понуди традиционалната велешка пита пастрмајлија, подготвена според стариот рецепт од угостителите и пекарите во градот, како и македонски вина од домашните производителите на Повардарскиот регион.
Манифестацијата „ Фестивал на велешка пита и вино 2018“ ќе биде од изложбен и продажен карактер.
Од организацискиот одбор на манифестацијата од Општина Велес, повикуваат сите угостители, винарии, правни лица и регистрирани индивидуални пекарски производители, да се пријават за учество на манифестацијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден