-->
-->
Фернандеш ги засили шпекулациите за трансфер во Јунајтед
-->
Бруно Фернандеш самиот ги засили шпекулациите дека веќе го одиграл својот последен натпревар за Спортинг (Лисабон).
Синоќа, Португалецот излезе со капитенската лента во контролната против Валенсија, која „лилјаците“ ја освоија со 2:1. Фернандеш, кој наводно се приближува до трансфер во Манчестер Јунајтед, не успеа да ги задржи своите емоции и заплака.
Медиумите на Островот велат дека двата клуба веќе се согласиле со условите на трансферот. Според „Дејли мејл“, „црвените ѓаволи“ ќе платат 56 милиони фунти за играчот од средниот ред, додека „Мирор“ тврди дека сумата е 63 милиони.
По натпреварот, тренерот на Спортинг, Марсел Кајзер одби да потврди дека трансферот веќе е решен и изрази надеж дека Бруно Фернандеш ќе остане во тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колку пари се собраа во Буџетот од казните за неносење маска од почетокот на одлуката?
-
Колку се изводливи парични казни за граѓаните кои ќе одбијат попис и повикувачите на бојкот?
-
Експертите предлагаат Македонија да биде една изборна единица со отворени кандидатски листи
-
Дали со измените за законот за лекови вакцините полесно ќе влезат во земјава?
-
Насер Зибери вечерва избран за народен правобранител
-
Тема на денот со пратеникот Иван Стоиљковиќ: За вакцините, пописот, меѓународните односи
-
Угостителите бараат повисока помош и подолго работно време
-
Во Крушево одбележан роденденот на Тоше, во Скопје крводарителска акција во негова чест