Loading Video...
Кошарка
25. April 2019 - 22:34

Фенербахче се пласира на фајнал-форот во Евролигата

Турската екипа Фенербахче е втората која обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор во кошаркарската Евролига. 
 
 Тимот од Истанбул, кој минатата година загуби во финалето од Реал Мадрид, му се приклучи токму на „Кралскиот тим“ на завршницата што ќе се одржи во шпанскиот град Виторија.
 
Фенербахче го доби четвртиот дуел против литванскиот Жалгирис и тоа на гостински терен во Каунас со 99-82 и со конечни 3:1 во победи  ја мина четвртфиналната рунда. 
 
Противник на Фенер во полуфиналето ќе биде подобриот тим од дуелот меѓу Анадолу Ефес и Барселона во кој турскиот тим има предност од 2:1 во победи. 
 
Реал пак го чека исходот од средбата ЦСКА Москва - Басконија пресметка во која рускиот шампион води со 2:1 во победи. 
 
Можно е уште утревечер да бидат комплетирани и полуфиналните парови имајќи в предвид дека четвртите дуели во Виторија и Барселона се играат утре, па доколку  ЦСКА и Ефес забележат победи тие ќе ја комплетираат четворката за фајнал-форот.