Тенис
5. January 2019 - 10:52

Федерер го „декласира“ Зверев

Роже Федерер уште еднаш потврди дека е во одлична форма на стартот на сезоната откако триумфираше убедиво со 6-4 и 6-2 против Александар Зверев на Хопман купот во Австралија.
Со тоа Швајцарија поведе со 1-0 против Германија во финалето на купот.
Во женската пресметка ќе играат Кербер и Бенчиќ.