ФБИ: Се уште не се познати причините за убиството на маринците во Тенеси
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска соопшти дека е се уште рано да се шпекулира за мотивите на напаѓачот, кој вчера во Чатануга во Тенеси уби четворица маринци во два воени објекта.
Осмничениот, кој ФБИ го идентификува како Мохамед Јусуф Абдулазиз (24), е убиен во инцидентот. Според медиумите, тој е американски државјанин, роден во Кувајт.
- Имајќи предвид дека во овој момент е многу брзо да се шпекулира со мотивите на напаѓачот, ќе спроведеме сеопфатна истрага за оваа трагедија а потоа ќе изнесеме нови детали, се наведува во соопштението на ФБИ.
Американските власти истражуваат дали напаѓачот бил приврзаник на џихадистичката група Исламска држава (ИД) или некоја друга слична организација.
Службеници на ФБИ изјавиле дека напаѓачот имал „големо количество на оружје“.
Четворица американски маринци се убиени вчера во вооружен напад во Центарот за поддршка на опеарциите на американската морнарица и во Регрутниот центар за оружени сили во Чатануга.
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот