ФАЗ: НАТО ќе продолжи со контролите на мигрантскиот прилив во Егејот

Силите на НАТО ќе останат во водите на Егејското Море за да помогнат во контролата на приливот на мигранти од Турција кон ЕУ, објави германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“ (ФАЗ).
Весникот нагласува дека иако Турција инсистира на прекин на мисијата на НАТО во Егејот, командата на Алијансата планира да продолжи присуство на нејзини сили во регионот за да се спречи преминувањето на бегалците од турскиот брег кон грчките острови.
ФАЗ, повикувајќи се на извори во седиштето на Алијансата и во Министерството за одбрана во Берлин, наведува дека согласно ваквите планови на НАТО, кон средината овој месец во Егејското Море ќе биде испратена германската фрегата „Загсен“, која треба да замени еден холандски воен брод, кој сега патролира низ водите долж грчко-турската поморска граница.
Весникот потетува дека кон крајот на октомври турското Министерство за одбрана побара прекин на оваа мисија на НАТО, а неодамна со идентично барање излезе и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
