Свет
12. November 2020 - 10:24

Фаучи: Резултатите од тестирањето на вакцината на Модерна можат да бидат одлични

Aмериканскиот епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека тестирањата на вакцината против ковид-19 на компанијата „Модерна” може да дадат одлични резултати. 

„Модерна” наскоро ќе започне со проценка и анализа на податоците од третата тест фаза на вакцината против коронавирус.

Фаучи рече дека нема да биде изненаден ако резултатите од тестовите се слични по ефикасност на вакцините на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”, пренесува „Фајненшл тајмс”.

– Ни беше речено дека во следните неколку дена треба да ги добијат резултатите до кои дојдоа во „Фајзер”, рече тој.

Фаучи, кој го предводи Националниот институт за инфективни болести, рече дека не очекувал толку добри резултати од вакцините на „Фајзер” и „Бионтек”.

Тој додаде дека иако резултатите во однос на развојот и производството на вакцина се охрабрувачки, човештвото е сè уште многу далеку од победа над вирусот.