Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест
Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Тој изрази надеж дека тоа не е случај. – Но, тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш Ковид-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест, рече Фаучи.
Според други експерти, Омикронот е доминатна варијанта во североисточниот дел на САД и се уште не е распространет низ целата земја.
– Не треба да очекуваме да се достигне национален максимум (на инфекции) во следните денови. Следните неколку недели ќе бидат тешки, изјави за Си-Ен-Ен Вивек Мурти, главен хирург на САД.
Ново на Сител
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава