-->
-->
Фановите на Арсенал го бараат Меси!
-->
Откако се појави веста дека Лионел Меси размислува да ја напушти Барселона поради даночните проблеми што ги има во Шпанија, еден навивач на Арсенал дојде до интересна идеја како аргентинскиот мајстор да го доведе меѓу „Топџиите“.
Тој ќе покрене таканаречена кроудфиндинг кампања преку која сака да прибере средства за да го донесе Меси во Лондон.
Шпанските медиуми објавија дека аргентинскиот волшебник е подготвен да се пресели во Премиерлигата за плата од 600.000 евра неделно. Оваа сума Арсенал не е во состојба да ја плати, но извесен Мет Кларк нуди решение. Ќе се обиде да ги прибере парите преку кроудфиндинг кампања. Кога 600.000 навивачи на Арсенал секоја недела би уплатувале по едно евро, лондонскиот клуб би имал доволно за платата на Меси.
„Сигурен сум дека на светот има 600.000 навивачи на Арсенал кои можат неделно да одвојуваат по едно евро“, смета Кларк.
Кроуфиндинг, односно групно/колективно финансирање на проект е тренд кој во светот веќе неколку години е актуелен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот