Фајнанс тинк прогнозира пад од 3,8 проценти на македонската економија
Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк прогнозира пад од 3,8 проценти на економијата во државава годинава. Се очекува најголем интензитет во вториот квартал за кога се проектира намалување на БДП од 12.7 проценти, а следните квартали да забележат економска консолидација.
Динамиката на економските активности, како што соопшти денеска Фајнанс тинк, ја проектираат врз основа на повеќе претпоставки:
-Мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе останат на сила во целосен интензитет најмалку до крајот на месецов, по што ќе следува постепено олабавување до втората половина на следниот месец – Фирмите во секторите угостителство, хотелиерство и трговија на мало кои беа затворени, позначајно ќе ја вратат својата активност кон средината или крајот на мај 2020 година; – Фирмите кои се дел од меѓународните синџири на снабдување постепено ќе ја воспостават меѓународната трговија во првата половина од јуни 2020 година; – Мерките за помош на фирмите од Владата кои се објавени досега ќе бидат во полна имплементација најдоцна до почетокот на следниот месец оневозможувајќи нагло скок на невработеноста (отпуштање на работниците, наместо нивно задржување со помош на владините мерки);
– Потенцијалниот недостиг на средства за финансирање на објавените мерки и нови мерки кои евентуално би биле донесени ќе бидат обезбедени навремено од домашни или меѓународни извори на финансирање, така што довербата на економските агенти во носителите на економските политики нема да се соочи со драстични падови.
Од ФТ истакнуваат дека интервалот на доверба на погорните проекции е поголем од вообичаено, поради големата неизвесност во проектирањето. Секое отстапување од претпоставките ќе ги измести и погорните проекции. Поскоро олабавување на рестрикциите од здравствените власти ќе го намали проектираниот пад. Пролонгирање на овие рестрикции, особено во услови на забрзување на растот на бројот на заразени лица, ќе го зголеми проектираниот пад, велат од Фајнанс тинк.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период