-->
-->
ФА купот за Арсенал
-->
Екипата на Арсенал е освојувач на англискиот ФА куп откако синоќа во финалето на „Вембли“ го совлада првакот Челзи со 2:1 и го спречи да ја освои двојната круна.
„Топџиите“ поведоа во 4.минута со голот на Алексис Санчез, од сомнителна позиција. Стрелецот на голот во првиот дел од акцијата играше со рака, а по консултација со помошникот судијата Ентони Тејлор го призна голот. Челзи изедначи во 76.минута со голот на Диего Коста, но Арон Ремзи на асистенција на Оливие Жиру донесе победа за Арсенал.
Челзи натпреварот го заврши со 10 играчи откако во 68.минута беше исклучен Мозес.
За Арсенал ова е 13.ти триумф во ова натпреварување, а вкупно трет во последните четири сезони и е најуспениот англиски клуб во ова натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?