Ф1: Розберг нов шампион
Германецот Нико Розберг е новиот шампион во формула 1. Тој е вкупно 33.ти првак во овој спорт. Розберг (возач на Мерцедес) на последната трка што се возеше на патеката „Јас Марина“ го издржа притисокот од страна на Луис Хамилтон и го освои второто место што му беше доволно за да ја освои титулата. Нико Розберг постигна девет победи во 2016 година.
На последната трка победи Луис Хамилтон (Мерцедес), пред Розберг, додека на третото место заврши возачот на Ферари Себастијан Фетел.
Во последните кругови Хамилтон за „забавуваше“ трка со цел конкурентите на Розберг за второт место да го минат, но Розберг успеа да го задржи второто место кое го имаше од стартот на трката.
Нико Розберг стана трет Германец со титулата светски првак, по Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. Шампионска титула има освоено и неговиот татко како Кеке, но како Финец. Две титули има и семејството Хил, Британците Греем и Дејмон.
Генерален пласман: Нико Розберг 385 бодови, Луис Хамилтон 380, Даниел Рикардо 256, Себастијан Фетел 212, Макс Верстапен 204,..
Пласман на конструктори: Мерцедес 765, Ред Бул 468, Ферари 398,...
Следната сезона во Ф1 шампионатот ќе почне на 26.март со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?