„Европскиот воз“ пристигна во Скопје
„Европскиот воз“ вечерва пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со возот вечерва пристигна од Белград каде учествувше на Самитот посветен на развој на Железницата во земјите од Западен Балкан, рече дека „Европскиот воз“ како симбол на поврзаност на земјите, сам по себе говори за нашата стратешка визија да станеме полноправна членка на европското семејство.

-Европскиот воз како што сакаме да го нарекуваме, за нас претставува доказ за пријателство, доказ за одличната соработка што ја имаме со нашите партнери од Европската Унија за поддршката што ни ја овозможуваат во развој и модернизација на целиот транспортен сектор, изјави Бочварски.
Република Македонија, посочи тој, е природен крстопат помеѓу Истокот и Западот и овде минуваат двата европски патни правци, Коридор 8 и Коридор 10, што ја става земјата во позиција каде преставува значаен транзит во делот на транспортот на патници и стоки.
-Од тие причини, регионалното поврзување и модернизација на транспортната инфраструктура во земјата се високо на агендата на Владата. Декларацијата и меморандумите за соработка што денеска ги потпишавме во Белград со железниците од земјите од Западен Балкан во соработка со Европската Унија е само потврда на континуитетот на унапредување и модернизирање на железницата како во Република Македонија така и во земјите во регионот. Ова е заеднички влог за сите нас, за економски развој, за просперитет на идните генерации, изјави Бочварски.
Модернизација на железничкиот сообраќај, посочи Бочварски, е посебен предизвик за нас како држава, додавајќи дека освен инвестицијата од преку 200 милиони евра на Коридорот 8, е извршена рехабилитација и на неколку делници на Коридор 10, со што е подигната безбедноста на сообраќајот и овозможено е побрзо движење на возовите до 120 километри на час.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот организиран по повод пристигнувањето на „Европскиот воз“ во Скопје, порача дека ова ја претставува симболиката за подобра поврзаност, која е високо на агендата на ЕУ и нејзината амбиција – единствена мрежа по копно, вода и воздух, што ќе ги поврзува сите луѓе и пазари.
– Трансапортот е високо на агендата на ЕУ во Македонија. Над 300 милиони евра од ИПА фондовите и инвестициската рамка за се доделени за овој сектор од 2007 година. Затоа имаме добра причина да ја славиме 2021, како европска година на железницата, изјави Гир.
Треба, нагласи Гир, да работиме на создавање услови за што поголемо користење на железницата и да поттикнеме што повеќе луѓе од цела Европа да ги користат возовите, со цел позелена и поодржлива транспортна иднина.
„Европскиот воз“ во рамки на „Connecting Europe Express“ предвидено е да посети 26 земји од Европа. Следна негова станица е Атина, во соседна Грција. Патувањето го започна на 2 септември во Лисабон, Португалија, а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз, Франција.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
