Европски ден за борба против трговијата со луѓе
Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција денеска ќе го одбележи Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе-18 Октомври.
Во Скопје денеска на прес-конференција ќе биде промовирана Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија, која која ќе се спроведува за време на Модниот викенд во Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат Магдалена Несторовска, национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Елена Грозданова, член на Националната комисија и државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и Марија Илиќ од Модниот викенд Скопје.
Предвидена е и тркалезна маса „Трговија со луѓе, национални трендови, појавни облици и предизвици“ на која покрај Несторовска ќе се обрати и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Скопје.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид