Европол: Уапсени 36 лица во акција против шверц на дрога и перење пари
Во рамките на акцијата за разбивање на меѓународниот ланец за шверц на дрога и перење пари, кој дејствувал меѓу Мароко и Европа, уапсени се 36 лица и запленети се 5,5 милиони евра во кеш, соопшти денеска Европол.
Покрај парите, се наведува во соопштението, запленето е и злато во вредност од 800.000 евра, 20 килограми кокаин и три полуавтоматски пушки.
Во минатонеделните рации, во кои беа вклучени 450 полицајци во Франција, Белгија и Холандија, полицијата дошла до докази и ги упасила осомничените.
Европол истакна дека криминалната банда користела автомобили со цел да ги пренесат парите, заработени со продажба на дрога во Франција во Белгија и Холандија.
Како што се потенцира, повеќе од милион евра се префрлувани секој месец.
Парите се испрачани во Мароко преку Блискиот Исток со користење на „нерегулирани финаниски канали“.
Белгиските претставници изјавија дека парите од дрогата се во висина од околу 400 милиони евра.
Од канцеларијата на бриселското обвинителство се наведува дека големо количество пари се испратени преку Дубаи, а перењето се вршело преку фиктивни компании во Казабланка.
Во 11 полициски рации само во Белгија, во кои биле вклучени речиси 100 полицајци, запленети се три милиони евра, седум возила, 78 делови на компијутерска опрема и две парчиња огнено оружје, а упасени се седум лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден