Свет
8. January 2017 - 10:08

Европа окована во мраз, температурите се пониски

Снежните врнежи и ниските температури го погодија европскиот континент - во Полска, Белгија и Италија има и жртви, а одредни грчки острови се прекриени со снег, а во Турција се откажани стотина летови, додека граѓаните на Москва го дочекаа најстудениот Божиќ во последните 120 години.

Во последните 2 дена во Полска 10 лица загинаа во ледениот бран кој ќе потрае и преку викендот, а во Истанбул е запрен воздушниот и водениот сообраќај.

Foto: AP/Tanjug

Вкупниот број на жртви во Полска кои починале од хипотермија од 1 ноември се искачи на 53. Во одредени делови на земјата температурите паднаа на - 20 степни Целзиусови.

Foto: AP/Tanjug

Живата во термометарот во текот на ноќта во Москва се спушти на -30, па граѓаните го дочекаа Божиќ во студ, каков што не е забележана во последните 120 години.

Foto: AP/Tanjug

Во Санкт Петербург каде се забележани -24 степни, полицијата пронајде тело на маж кое замрзнало во текот на ноќта.

Најмалју седум луѓе починаа во Италија од студот во последните два дена, со што бројот на жртвите од поларниот бран во Европа се искачи на 20.

Шест бездомници починаа од замрзнување во Италија, каде поради снежните врнежи сите летови се пренасочени, а возовите се откажани.

Температурата падна на -10 степени во подрачјето што го погоди три земјотреси во август и октомври.

На Аматриче и Акумоли, двете места посебно погодени од потресите, обилно напаѓа снег, еднакво како и во Апулија и на Сицилија.

Метеролошките служби предвидуваат нови снежни врнежи во текот на викендот.

Foto: AP/Tanjug

Одредени училишта на југот од Италија, каде висината на снегот е околу метар, нема да работат во понеделник, наведува Анса. Во Бугарија во близина на турската граница, се пронајдени телата на двајца илегални ирачки мигранти.

И Швајцарија, ноќта во саботата беше погодена од поларен студ, па така во Давос беа измерени -19, а во Берн -15,5 степени.

Foto: AP/Tanjug

АП наведува дека во Белгија настрадал маж кога камионот кој го управувал излетал од патот.

Во Солун се измерени 7 степени под нулата, а денеска според прогнозите треба да биде најстудено, -10. Неколку грчки острови, на кои главно е топло, се покриени со снег и температурите се ниски.

Foto: AP/Tanjug

Во Турција снежните врнежи го блокираа Истанбул, повеќе од 650 летови се откажани поради лошите временски услови.

Анадолија известува дека и траектите застанале. Снегот синоќа што паѓал формирал снежна покривка од 40 сантиметри во Истанбул и направил хаос на патиштата.

Foto: AP/Tanjug

Турската агенција Доган наведува дека еден од главните автопатишта во Истанбул практично се претворил во паркинг, откако многу возачи синоќа ги напуштиле возилата и пешки се упатиле кон своите домови.

Foto: AP/Tanjug

И во Германија ноќесја беше најстудно оваа зима, па так во две баварски села се измерни -26, а во Берлин -15.

Foto: AP/Tanjug

Студениот бран ги погоди и балканските земји - во планининските предели на БиХ се измерени -27 степени. Ниските температури ги погодија и источните и јужните делови од Србија.

Foto: AP/Tanjug

Погледнете го видеото:

(Telegraf.rs/Tanjug)