Евроинтегрирањето на Македонија и Албанија - тема на средбата меѓу Османи и Река

Членството во ЕУ е заедничка цел на Македонија и Албанија и земјите можат да си дадат меѓусебна поддршка во овој процес, посочил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средба со амбасадорот на Албанија Фатос Река.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Османи на средбата истакнал дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со предизвициите со кои се соочува Унијата и дека целосната интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна.
- Тој нагласи дека е потребна поддршка од нашиот сосед за членство на Република Македонија во НАТО, особено во претстојниот период, додавајќи дека очекува поддршка од Албанија и за зачленувањето на Македонија во Јадранско-јонскиот регион и стратегија. Вицепремиерот Османи, исто така, го посочи отворањето на Регионалната канцеларија за соработка на младите во Тирана, како уште една можност за зајакнување на соработката меѓу младите во регионот, соопшти СЕП.
Соговорниците се согласиле дека отпочнувањето на првиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување на двете земји во износ од 12 милиони евра во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан е јасен сигнал дека регионот заеднички пристапува кон надминување на предизвиците.
- Истовремено беше потенцирана одличната соработка во рамки на ИПА Програмите за прекугранична соработка, со изразена надеж дека во рамки на претстојните повици за нови проекти ќе се отворат нови можности за вмрежувања и партнерства за заеднички проекти од двете страни на границата. Османи и Река изразија надеж за можно заедничко отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ, бидејќи на тој начин двете земји ќе можат да разменуваат искуства и информации за процесот, информира СЕП.
Ново на Сител
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
