Еврогрупата ќе го има „последниот збор“ за договорот со Грција
И покрај ентузијастичките соопштенија на грчката Влада во врска со договорот за трета финансиска помош, преговорите се далеку од завршени со оглед на тоа што Еврогрупата ќе заседава в петок, а Германија изрази сомнежи и резервираност, пишува „То Вима“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот вечерта контактирал со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Според некои грчки медиуми, Ципрас бил изненада што Меркел го прифатила ставот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, инсистирајќи на тоа дека нема доволно време за договор и во замена понудила преоден заем.
Грчкиот премиер и одговорил дека нема да прифати никакви отстапувања од договорот постигнат на Европскиот самит на 12 јули и ја изразил својата фрустрација за ова прашање на Оланд и Јункер, прашувајќи дали намерата на германската канцеларка е да се торпедира процесот.
Наводно, францускиот претседател му рекол на Ципрас дека постапката за договорот мора да заврши пред состанокот на Еврогрупата в петок. Кога Ципрас вчера повторно разговарал со Меркел, таа му рекла дека не успеала да го разгледа договорот, пишува „То Вима“.
Државниот секретар во германското Министерство за финансии, Јенс Спан во неколку интервјуа вчера изјави дека договорот мора да трае три години, а не три дена, додавајќи дека е неопходна детална дискусија за да се утврди како Грција ќе ги обезбеди потребните буџетски средства.
Слична резервираност изрази и финскиот министер за финансии, Александар Стуб, кој, исто така, инсистираше на тоа дека ММФ мора да учествува во програмата.
Грчките аналитичари забележуваат дека е интересно тоа што претседателот на Еврогрупата Јерун Дијселблум, кој вообичаено ги коментира речиси сите позитивни или негативни случувања во преговорите, досега молчи за ова прашање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален