Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира на претседателот Стево Пендаровски Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.
- Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание, објави Пендаровски на фејсбук.

Евроамбасадорот Гир претходно им го врачи Извештајот на ЕК и на претседателот на Собранието Талат Џафери и на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
По повод објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија за 2023, Маричиќ и Гир утре ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
