Свет
30. December 2017 - 18:17

Еве колку е студено во Америка: Ајкулите умираат, а водата замрзнува во воздух

Ширум САД, покрај југозападни држави, оваа Новогодишна ноќ ќе биде поладна од вообичаеното, пишува Si-En-En, наведувајќи примери дека многу Американци ќе мора да бараат засолниште од арктичкиот студ, наместо да уживаат во прославата на отворено.

Се наведува дека во  Масачусетс биле најдени мртви ајкули на брегот на заливот Кејп Код,  а една организација која работи на зачувување на популациите на белите ајкули на Атлантикот, соопшти дека во средата се пронајдени две мртви мртви ајкули најверојатно поради студот. 

 

 

Местото во Минсота, кое САД  го нарекува "Национален замрзнувач",  било околу минус 38 степени целзиусови наутро, додека Минус 35,5 степени Целзиусови било Њујорк, а следниот ден за пет степени помалку. 

Екстремен студ не владее само во САД бидејќи еден корисник од Канада на Твитер објави фотографија од неговото порозорско стакло кое пукнало од студ.

Исто така едно момче на Твитер објави видео на кое се гледа како водата замрзнува во воздугот. 

Неверојатно.. погледнете!