Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска навести за масовни помилувања за обвинетите во врска со немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, откако сегашниот претседател Џо Бајден го помилува својот син Хантер.
„Дали помилувањето што Џо го даде на Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои се затворени со години? Таква злоупотреба и погрешна правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“.
Трамп во кампањата спомна помилување за повеќе од 1,500 обвинети кои сè уште се соочуваат со судење или веќе се осудени за упадот во Капитол додека Конгресот гласаше за потврда на изборната победа на Бајден во 2020 година.
Транзицискиот тим на Трамп претходно издаде соопштение во кое остро го критикува Министерството за правда, истовремено ветувајќи дека ќе ја промени федералната агенција.
„Неуспешниот лов на вештерки против претседателот Трамп покажа дека Министерството за правда под контрола на демократите и другите радикални обвинители се виновни за употреба на правосудниот систем како оружје“, наведе портпаролот на Трамп, Стивен Чанг во соопштението.
Според него, правосудниот систем мора да се поправи и да се врати правдата за сите Американци, а „токму тоа ќе го направи Трамп кога ќе се врати во Белата куќа со огромен мандат од американскиот народ“.
Хантер (54) сега избегна казна откако требаше да биде осуден во одделни федерални случаи во врска со оружје и затајување данок подоцна овој месец.
Ново на Сител
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија