Македонија
24. October 2015 - 19:19

Еве какво време не очекува утре

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северен ветер.

По одделни котлини и планински превои има мала веројатност за појава на утринска магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се движи од 0 до 7,  а максималната од 15 до 20 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 3, и максимална до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во понеделник.