Еве какво време не очекува денеска
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Претпладне маглата ќе слабее и попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб северен ветер поизразен во источните делови од земјата. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17.
Во Скопје претпладне ведро со утринска магла во делови од котлината. Попладне сончево и релативно топло со слаб северен ветер. Температурата ќе биде до 13° C.
До вторник ќе продолжи периодот на стабилно, тивко и релативно топло време. Од среда наутро ќе почне да дува претежно североисточен ветер кој ќе ги спушти температурите и ќе донесе зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и услови за појава понекаде на слаб краткотраен дожд, а кон исток и слаб краткотраен снег. Во следниве денови, наутро понекаде во долините и понатаму ќе има услови за појава на магла со променлив интензитет.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт