Тенис
16. April 2021 - 11:44

Еванс: Еден ден ќе им раскажувам на моите внуци за победата над Ѓоковиќ

Британецот Даниел Еванс изјави по денешниот триумф над најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дека остварил огромна победа до која стигнал благодарение на вербата во сопствените можности.

– Ова е навистина голема победа и јас сум пресреќен. Мора да верувате дека можете да победите, тоа е најважната работа“, изјави Еванс.

Британскиот тенисер го победи Ѓоковиќ во третото коло на Мастерс турнирот во Монте Карло со 6:4, 7:5, нанесувајќи му го на Србинот првиот пораз сезонава.

– Веројатно сè уште не сум свесен, не можев да поверувам дека последното топче ја мина мрежата. Еден ден ќе им раскажувам на моите деца и внуци дела го победив најдобриот тенисер на светот, изјави Еванс, кој во моментот е 33. рангиран на АТП листата.