ЕУ засега не ја санкционира Грузија поради репресии
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас денеска рече дека Брисел поднел листа на Грузијци за санкционирање поради задушувањето на прозападните демонстрации, но Унгарија ги блокира мерките.
– Ние го предложивме списокот за санкции за овие луѓе кои… користат навистина сила и насилство врз опозицијата – рече Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
– Но, сите треба да се согласат со списокот, а ние сè уште не сме таму – додаде таа.
Грузиските власти ги задушија про-ЕУ демонстрантите кои излегоа на улиците во последните недели во знак на протест против одлуката на владата да се откаже од напорите за приклучување кон блокот. Брисел вели дека има „кредибилна загриженост“ за тортура и повика на итно ослободување на затворениците откако повеќе од 400 лица беа уапсени.
Официјални претставници на ЕУ рекоа дека Унијата исто така ја разгледува можноста за воведување ограничувања за имателите на грузиски дипломатски пасоши.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар