ЕУ усвои рамка за санкции кон воената хунта во Нигер
Советот за надворешни работи на ЕУ денеска усвои рамка за рестриктивни мерки поврзани со ситуацијата во Нигер по воениот удар, со што се манифестира решеноста на Унија да ги санкционира оние кои ја поткопуваат стабилноста, демократијата, владеењето на правото во земјата и претставуваат закана за мирот и безбедноста во регионот.
– ЕУ од самиот почеток најостро го осуди државниот удар во Нигер. Со денешната одлука ЕУ ја зајакнува својата поддршка за напорите на ЕКОВАС и испраќа јасна порака дека воените удари имаат своја цена. Со цел да се обезбеди навремената испорака на хуманитарна помош или активности кои ги поддржуваат основните потреби на луѓето во Нигер, овој нов режим вклучува хуманитарен исклучок, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, се очекува оваа нова автономна рамка на санкции да даде видлив придонес во поддршката на напорите на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) за брзо враќање на уставниот поредок во Нигер.
– Благодарение на оваа нова рамка, ЕУ ќе може да санкционира поединци и субјекти одговорни за активности кои го загрозуваат мирот, стабилноста и безбедноста на Нигер, го поткопуваат уставниот поредок, демократијата, владеењето на правото или претставуваат сериозни прекршувања или злоупотреба на човековите права или прекршување на важечкото меѓународно хуманитарно право во Нигер, посочува ЕУ.
Рестриктивните мерки се состојат од замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства за поединци и субјекти, како и забрана за патување во ЕУ за физички лица.
– ЕУ останува ангажирана со народот на Нигер преку хуманитарна поддршка за олеснување на недостигот од основните резерви. ЕУ обезбеди 58 тони основни санитарни материјали, вклучително и лекови и медицински материјал хуманитарен воздушен мост во октомври, посочува ЕУ.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца